Светската здравствена организација (СЗО), за првпат откако пред две недели стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе тешко болни и повредени деца на безбедно место, јавува ДПА.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, објави на платформата Икс дека 41 дете, заедно со 145 придружници, се изнесени од Газа.
Сите пациенти се деца, рече портпаролот на СЗО, а поради „оперативни проблеми“, сè уште не може да се открие во кои земји ќе бидат лекувани младите пациенти, пренесе германската агенција.
„Околу 15.000 пациенти сè уште чекаат одобрение за добивање медицинска нега надвор од Газа. Продолжуваме да ги повикуваме земјите да ја покажат својата солидарност и да се отворат сите патишта за да се забрза медицинската евакуација“, напиша Тедрос на Ика.
За ваквите медицински транспорти се потребни дозволи од израелските власти, кои го контролираат пристапот до Појасот Газа.
Прекинот на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври, иако оттогаш периодично се пријавуваат прекршувања од двете страни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
