Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар е 189.231 денари (3.076 евра), односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 квадратен метар кој се наоѓа на територијата на општина Центар, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.
Од евидентираните 937 продажби од инвеститор во Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал, 845 се за станови, 89 за куќи, а две продажби се на гаражи.
Најголемиот број купопродажби се направени на станови ( 32%), а најголем дел од нив или 275 станови се продадени во општина Аеродром. Во Битола, пак, се продадени најголем број куќи, 71.
Во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош… Во Гостивар се продадени 11 станови, во Охрид 99, во Тетово 84, во Струмица 83,…
Најмногу продажби на деловен простор има во општините Аеродром и Центар каде што се продадени по 22 вакви недвижности.