Станбените и потрошувачките кредити и натаму најбарани

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Речиси идентичен годишен раст на депозитите и кредитите е забележан во септември. Податоците на Народна банка покажуваат раст од 13,2% на вкупните депозити и раст од 13,5% на вкупните кредити.

Граѓаните во банките чуваат вкупно 10,22 милијарди евра, но нивниот долг изнесува 8,66 милијарди евра

Според анализата на централната банка, растот на депозитите е поизразен кај домаќинствата, но компаниите повеќе се задолжувале кај банките.

Во септември е забележен месечен раст на вкупните депозити  од 0,3%, во целост поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалени.

„Притоа, растот  кај домаќинствата во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута“, појаснува Народна банка.

Истиот месец вкупните кредити се зголемени за 0,9% на месечно ниво, поради растот на кредитирањето на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

-Месечната и годишната промена се должат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари – велат од Народна банка.

Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%. На годишна основа кај овие кредити има раст од 10,2% и од 16,1%.

Во септември е забележан раст од 1,3% на автомобилските кредит, но на годишна основа овие кредити бележат пад од 0,6%.

- Advertisement -
Ad image

Интересно е тоа што граѓаните се поалку се задолжуваат со кредитни картички. Во септември кај овие кредити има намалување од 0,3%, но на годишно ниво намалувањето е од 6,7%.

Кај негативните салда на тековните сметки и кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен раст од 1,3% односно од 0,4%,  додека на годишна основа се намалени за 2,7% и од 8,5%.

Share This Article