Пејачката Лепа Брена го прослави својот 65-ти роденден, а на фотографија што ја сподели на Инстаграм, може да се види како позира насмеана и без трошка шминка.
Пред неа има торта украсена во диско стил и со нејзина фотографија, а се чини дека добила и „вокмен“ како подарок. И двата подароци биле инспирирани од нејзините песни – „Миле воли диско“ и „Боли ме уво за све“.
Заедно со фотографијата, Брена им се заблагодари на сите што ѝ испратија честитки и убави пораки за роденденот.

– Драги пријатели, ви благодарам на сите за најубавите желби за роденденот. Вашите пораки, честитки и убави зборови ми го разубавија денот и го направија особено среќен. Неизмерно го ценам вашето внимание, љубов и времето што го одвоивте да ми упатите убави желби. Ви благодарам што сте дел од мојот живот и што го направивте овој роденден незаборавен. Ве сака вашата Брена – напиша пејачката.
Лепа Брена, чие вистинско име е Фахрета Јахиќ, е родена на 20 октомври 1960 година во Тузла. Својата кариера ја започна во раните 1980-ти, а славата ја стекна како пејачка на групата Слатки Грех, со која лансираше низа хитови што ја обликуваа тогашната музичка сцена.
Нејзината енергија, препознатливиот глас и препознатливиот стил ја направија една од најпопуларните пејачки на поранешна Југославија.
По повеќе од четири децении на сцената, Лепа Брена останува синоним за регионална музичка слава, а неодамна во едно интервју изјави дека сè уште нема планови да се пензионира.
Tagged as:
Пејачката Лепа Брена го прослави својот 65-ти роденден
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
