Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција вечерва им честиташе на сите градоначалници кои победија во првиот круг од локалните избори, истакнувајќи дека изборниот процес бил добро организиран и мирен, иако со одредени забелешки.
– Според обработените податоци, СДСМ во првиот круг обезбеди победа во три општини – Крива Паланка, Богданци и Кривогаштани. Дополнително, од приближно 70% обработени гласови водиме во уште девет општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман, каде ќе има втор круг – изјави Филипче.
Тој нагласи дека СДСМ се на второ место во неколку општини, меѓу кои Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија и Зрновци, и дека се очекуваат дополнителни резултати од други места.
– Апелирам до граѓаните да излезат масовно во вториот круг на гласање, затоа што е важно избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на гласачи – рече Филипче.
Тој додаде дека иако резултатот не е оној кој го посакувале, бидејќи партијата сѐ уште се консолидира, но дека нивната порака е примена од повеќе граѓани, односно дека имале зголемен број на гласови во одредени општини. Уште повеќе тој рече дека имајќи ги во предвид околностите, не е лош резултатот што СДСМ го има на изборите, споменувајќи дека има неколку општини во кои не е јасен изходот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
