До 15 часот на локалните избори, излезеноста на гласачите на ниво на државата достигнува 31,34 отсто

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До 15 часот на локалните избори, излезеноста на гласачите на ниво на државата достигнува 31,34 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Податоците се базираат на 3.444 обработени избирачки места, што претставува 99,14 отсто од вкупниот број. Од 1.832.415 запишани гласачи, право на глас до 15 часот оствариле 570.727 граѓани.

Најактивни општини се Чашка (53,19 отсто), Новаци (52,84 отсто), Ранковце (48,24 отсто) и Македонски Брод (48,21 отсто). До 15 часот во Велес гласале 27,52 отсто, а во Градско 37,12. Најмал одѕив е забележан во Врапчиште (14,94 отсто), Центар Жупа (17,12 отсто) и Шуто Оризари (23,01 отсто).

Во Скопје, излезеноста е 31,50 отсто. Најголема излезност е регистрирана во Сарај (36,32 отсто) и Чаир (35,59 отсто), а најниска е во Шуто Оризари (23,01 отсто).

ДИК информира дека досега нема пристигнато пријави за неправилности и дека гласачите непречено го остваруваат правото на глас.

На едно избирачко место во Карпош се случил технички проблем со биометриската идентификација – сим-картичката во уредот се заглавила. Поради тоа, гласањето на ова место се одвива по стариот начин со УВ-лампа и УВ-спреј, се вели од ДИК.

– Овој начин на гласање не го ограничува правото на ниту еден граѓанин. Сите запишани избирачи ќе можат да го остварат своето право на глас – изјави портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.

 

Фото: ДИК (Принтскрин)
Share This Article