Една од скапоценостите што беа украдени утрово од музејот Лувр во Париз за време на е пронајдена во близина на музејот

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Една од скапоценостите што беа украдени утрово од музејот Лувр во Париз за време на е пронајдена во близина на музејот, објави француската министерка за култура Рашида Дати.

– Скапоценоста е пронајдена во близина на Лувр, моментално се проценува – изјави Дати
на телевизијата ТФ1.

Организираниот криминал сега ги таргетира уметничките дела и музеите станаа цели на крадците, додаде таа.

– Вредноста на украденото е непроценлива – изјави министерот за внатрешни работи Лоран
Нуњез.

Тој откри дека крадците го извршиле грабежот за 7 минути.

– Тие се фокусираа на две витрини во галеријата на Аполо – рече Нуњез.

Изградена на барање на кралот Луј 14, оваа галерија ја содржи кралската колекција на
скапоцени камења и кралски дијаманти, вклучувајќи три историски: дијамантите Регент, Санси и Хортензија.

Според францускиот дневен весник Ле Парисиен, криминалците влегле во зградата од фасадата од страната на реката Сена, каде што се во тек градежни работи.
Прво, ги скршиле прозорците, а потоа украле девет парчиња од колекцијата накит на Наполеон и царицата.

Нуњез, поранешен началник на париската полиција, кој штотуку е назначен за министер за
внатрешни работи, рече дека се надева дека сторителите, кои избегале со скутери, ќе бидат
уапсени многу наскоро. Тој додаде дека тие биле искусни криминалци кои би можеле да бидат странци. По нивното бегство, пронајден е еден скутер.

- Advertisement -
Ad image

Кога беше прашан за можни недостатоци во системот за надзор, министерот за внатрешни работи одби да коментира, но истакна дека безбедноста на музејот е кревка.

Share This Article