Background

Примирјето е нарушено, израелската војска утрово беше нападната во јужна Газа

Израелската армија соопшти дека нејзините борбени авиони извршиле напади во областа Рафа во Појасот Газа, за да ја елиминираат заканата од „терористите“ кои ненадејно отвориле оган врз израелските војници.

Армијата соопшти дека палестинските милитанти „грубо го прекршиле“ договорот за прекин на огнот и додаде дека силно ќе одговори на нивните дејствија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските шефови на безбедносните служби да „преземат решителни мерки против терористичките цели во Појасот Газа по денешните напади во Рафа.

- Advertisement -
Ad image

Кабинетот на премиерот соопшти дека Нетанјаху ја издал наредбата за време на состанокот со министерот за одбрана Израел Кац и раководителите на разузнавачките служби Шин Бет и Мосад.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека палестинските милитанти испукале ракети РПГ и снајперски оган врз војниците што дејствувале во областа Рафа во јужна Газа. Како одговор, ИДФ изврши серија воздушни напади врз „терористички цели“ во енклавата.

„Ваквите терористички активности претставуваат јасно кршење на договорот за прекин на огнот“, соопшти израелската војска, додавајќи дека ИДФ ќе одговори решително на нив.

Вооруженото крило на Хамас, пак, соопшти дека не е свесно за никакви инциденти или судири во Рафа, кратко откако Израел објави дека извршил воздушни напади во област. Палестинската група повтори дека останува посветена на сите договори, вклучително и на прекин на огнот во сите области на Газа.

Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека „Хамас денеска ќе научи на тешкиот начин дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) се решени да ги заштитат своите војници и да спречат каква било штета врз нив“, по нападот врз израелските сили во Рафа.

Кац рече дека им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“.

Според воен извор, повеќе од 20 цели се погодени од утринскиот напад во Рафа.

– Хамас ќе плати скапо за секое пукање и кршење на прекинот на огнот, а ако пораката не се разбере, интензитетот на одговорот ќе се зголеми – предупреди Кац.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation