Background

Се проверуваат наводи за предизборен поткуп

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвиителство.

Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.

„Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село и извршен е разговор. Известена е Државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело. Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп се евидентирани во ОЈО Велес, ОЈО Прилеп, ОЈО Крива Паланка и во ОЈО Свети Николе. За сите нив се преземаат дејствија по насоки на јавен обвинител за испитување на наводите“, соопшти Обвиителството.

- Advertisement -
Ad image

Има неколку информации и во однос на настани со елементи на прекршување на изборниот молк, се додава во соопштението, но до овој момент вкупно се евидентирани мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело.

„Изборниот процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување. Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а електронската адреса izbori@jorm.mk останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите“, соопшти ЈО.

И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а Обвинителството тесно се координира и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес, се додава во соопштението.

„Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства“, соопшти Јавното обинителство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation