Четири кинески службеници се отпуштени поради огномет на Хималаите, организиран на промоцијата на колекцијата на брендот за спортска облека Arc’teryx, кој предизвика широки критики.
Како што денес објавува Би-Би-Си, видео снимки од огномет во форма на змеј што се издига над планински предел предизвика загриженост за животната средина.
Arc’teryx и кинескиот пиротехнички уметник Каи Гуо-Ќијанг, кој ја дизајнираше ревијата минатиот месец, подоцна се извинија.
Покрај апсењата, властите истражуваат и други службеници.
Според одлуката на властите на автономната покраина во рамките на Кина, Arc’teryx и Каи мора да обезбедат надомест за штета и да помогнат во „обновувањето на животната средина“ во Тибет.