Background

Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна

Земјите од Европската Унија (ЕУ) имаат пет години да се подготват за војна, според воениот план што се очекува Европската комисија да го презентира денес, а кој Политико го виде

„До 2030 година, на Европа ѝ е потребен доволно силен европски одбранбен систем за веродостојно да ги одврати своите противници и да одговори на каква било агресија“, се наведува во нацрт-планот.

Планот требаше да го разгледаат министрите за одбрана доцна синоќа пред да биде презентиран пред Колеџот на комесари денес.

- Advertisement -
Ad image

Планот ќе им биде испратен на лидерите на ЕУ следната недела.

Планот за одбранбена подготвеност за 2030 година е знак за растечката улога на ЕУ во воените работи, реакција на војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина и нејасната посветеност на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, објави порталот со седиште во Брисел.

„Милитаризирана Русија претставува постојана закана за европската безбедност во догледна иднина“, се наведува во документот, првпат објавен од Блумберг.

Додека земјите од ЕУ брзо ги зголемуваат своите буџети за одбрана, голем дел од тие трошоци „останува претежно национални, што доведува до фрагментација, инфлација на трошоците и недостаток на интероперабилност“, се наведува во документот од 16 страници.

Извршното тело на ЕУ ги охрабрува земјите-членки да купуваат оружје заедно и сака најмалку 40 проценти од купувањата на одбранбена опрема да бидат заеднички договори до крајот на 2027 година.

Патоказот, исто така, поставува цели најмалку 55 проценти од купувањата на оружје да доаѓаат од компании од ЕУ и Украина до 2028 година и најмалку 60 проценти до 2030 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation