САД поништија визи на повеќе странски државјани поради изјави поврзани со атентатот врз десничарскиот активист Чарли Кирк

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

САД поништија визи на повеќе странски државјани поради изјави поврзани со атентатот врз десничарскиот активист Чарли Кирк, соопшти Стејт департментот.

Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк.

„Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, пишувајќи „кога фашистите умираат, демократите не се жалат. САД немаат обврска да бидат домаќини на странци кои им посакуваат смрт на Американците“ објави Стејт департментот на мрежата Икс и најави дека ќе продолжи да ги идентификува носителите на визи кои „го прославија гнасниот атентат“ врз Кирк.

Кирк беше застрелан на настан на Универзитет во американската сојузна држава Јута на 10 септември. Смртта на истакнатата конзервативна политичка и медиумска фигура имаше големо политичко влијание во САД.

Стејт департментот во септември предупреди дека странските државјани би можеле да се соочат со одземање на визи доколку го оправдаат нападот врз Кирк.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера постхумно го одликуваше Кирк со највисокото цивилно признание во САД – Претседателскиот медал на слободата.

Кирк требаше да наполни 32 години на денот на церемонијата.

Неговата сопруга Ерика Кирк ја прими наградата во негово име, во градината на Белата куќа.

Трамп го нарече Кирк „вистински американски херој“, истакнувајќи дека неговата организација „Турнинг Поинт УСА“ прераснала во најголемата конзервативна младинска група во земјата.

- Advertisement -
Ad image

– Неговото име засекогаш ќе биде впишано меѓу вистинските херои на Америка – рече Трамп, нарекувајќи го „маченик за вистината и слободата“.

Ерика Кирк одржа емотивен говор.

– Седум и пол години барав совршен подарок за роденденот на Чарли, но сега со сигурност можам да кажам, господине претседателе, дека му го подаривте најдобриот подарок што можеше да го добие – рече вдовицата.

- Advertisement -
Ad image

Кирк, кој на 18 години ја основа „Турнинг Поинт УСА“ во 2012 година, беше познат по промовирањето конзервативни вредности и  по поддршката за Трамп. Неговите критичари го обвинуваа за ширење расистички, хомофобични и сексистички ставови.

Дваесетгодишниот студент Тајлер Робинсон е обвинет за неговото убиство и се соочува со смртна казна ако биде осуден.

Share This Article