Првиот товарен брод со контејнери од Кина до Европа, кој пловеше по Северната морска рута, успешно пристигна во британското пристаниште Феликстоу, објави руската државна корпорација „Росатом“.
Бродот отплови од кинеското пристаниште Нингбо на 23 септември, а пристигна во Велика Британија на 13 октомври, објави руски Интерфакс.
Северната морска рута претставува најкратката навигациска рута помеѓу западниот дел на Евроазија и Азиско-пацифичкиот регион, како и традиционална национална транспортна рута на Русија.
Вкупната должина на патот е околу 5.600 километри.
Според податоците на Росатом, во 2024 година обемот на товарен сообраќај по Северната морска рута достигна рекорд од речиси 37,9 милиони тони.
Русија и Кина ќе постават нов рекорд за контејнерски превоз по Северната морска рута (SMR) оваа година, со обем што потенцијално ќе надмине 400.000 тони.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
