Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре (среда 15 октомври) попладне и навечер па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба. Ќе имаме зголемена облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме поголема промена на време со зголемена облачност, повремни врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Поради продор на поладен воздух од исток и од североисток, температурите повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 15 степени.
meteoalarm
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
