Охрид – Екипата на ЗНАМ денес беше во градскиот пазар во Охрид, место кое секојдневно пулсира со енергијата на луѓето кои чесно работат и го одржуваат духот на локалната економија.
Пазарџиите се вистинскиот мотор на малото стопанство – тие создаваат, произведуваат и ја хранат нашата заедница. Посетата на градскиот пазар беше можност за непосреден контакт со вредните пазарџии кои секојдневно ги снабдуваат граѓаните со највкусното овошје и зеленчук – природно, свежо и со љубов произведено.
Поддршка за локалната економија
„Пазарџиите се срцето на локалната економија, а нивната работа заслужува поголема поддршка и подобри услови”, истакнаа од ЗНАМ за време на посетата. Партијата најави дека ќе се залага за фер третман, модерни услови за работа и поголема промоција на домашното производство.
Купувањето локални производи не е само прашање на квалитет и здравје, туку и инвестиција во развојот на локалната економија. Домашното производство создава работни места, го задржува капиталот во заедницата и придонесува за поздрава и поодржлива иднина.
Залагање за подобри услови
ЗНАМ се залага за подобри услови за работа на пазарџиите, повеќе поддршка за домашното производство и фер третман за секој што со труд заработува за своето семејство. Модернизацијата на пазарната инфраструктура и создавањето услови за достоинствена работа се приоритети кои ќе придонесат за посилен, поразвиен и поорганизиран Охрид.
„Да купуваме локално, вкусно и природно – за посилен Охрид и здрава Македонија”, е пораката на ЗНАМ до сите граѓани.
ЗНАМ И ОХРИД ЗНАЕ! ЗНАМ И ГРАДСКИ ПАЗАР ЗНАЕ!