Background

Мицкоски ветува ефикасна градска администрација

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања.

– Да влеземе прво во град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред се, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме – рече Мицкоски, на новинарко прашање.

Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот регион на денешената средба во Стопанска комора на северо-западна Македонија имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и конкретни примери кои треба да се завршат.

- Advertisement -
Ad image

Приоритет, најави, ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон Индустриската зона.

– Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона, се уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приротети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната. Исто така, во текот на овој месец очекуваме конечно да се заврши сагата за автопатот Скопје-Блаце и конечно очекуваме да добиеме понуда во рамките на планираните средства што се за таа намена – изјави Мицкоски.

Нихи Алиу, в.д. претседател на Стопанска комора на северо-западна Македонија посочи дека ги презентирале нивните проблеми и предлози, како и платформата на Комората. Тој рече дека видел сериозност во пристапот на тимот на Мицкоски од 15-те присутни градоначалници на средбата, а напомена и дека голем дел од нивните укажувања во претходниот период станале дел од изборната програма на партијата.

– Како Стопанска комора сме многу задоволни за начинот како оваа екипа ги гледа проблемите и како сака да ги реши со конкретни одговори – изјави Алиу.

Тој оцени дека главните пробеми се во однос на комуналните и јавните претпријатија во рамки на Град Скопје кои, истакна, не функционираат како што треба.

– Исто така и за Индустриската зона Визбегово, каде патот е за никаде – за една инсустриска зона со сто милиони обрт годишно, над 8 илјади вработени и која учествува во БДП со 7,5 проценти. Оваа зона заслужува да има подобар пат и од кандидатот за градоначалник добивме уверување дека тоа ќе биде приоритет – рече Алиу.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation