Соопштение за јавност
Филипче: СДСМ е движење на надежта, на еднаквоста и човечноста
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче од големиот митинг во Струмица порача дека СДСМ не е само партија, туку движење на надежта, еднаквоста и човечноста.
„Да го кренеме СДСМ, не само како партија, туку како движење, како сила, како народна надеж. А кога ќе се собере целата таа сила, ќе дојде и победата“, истакна Филипче.
Тој додаде дека токму овие вредности , еднаквост, правда и грижа за човековото достоинство , се темелот на социјалдемократската визија.
„Затоа што СДСМ е партија што се бори за еднаквост, за правда, за човековото достоинство. Затоа што СДСМ не поттикнува омраза , туку се бори за општество за сите, , изјави Филипче, нагласувајќи: „Ние веруваме и создаваме сила што не гази, туку ги поддржува граѓаните. Веруваме дека државата е најсилна кога е на страната на луѓето.“
Тој порача дека СДСМ отсекогаш била чувар на државните интереси и двигател на напредокот: „СДСМ секогаш бил и ќе биде потпора и заштита. И темел и кров. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок.“
Tagged as:
на еднаквоста и човечноста Филипче: СДСМ е движење на надежта чувар на Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
