Соопштение за јавност
Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица
Претседателот на СДСМ Венко Филипче од големиот митинг „Се бориме за нашиот дом“ во Струмица, ја побара поддршката од граѓаните, за кандидатот на градоначалник, Марјан Даскаловски и советничката листа на СДСМ и коалицијата.
„Марјан Даскаловски, нашиот другар, вашиот сосед и пријател ја доби обврската и привилегијата да ги продолжи најдобрите традиции на татковците на градот, кој како и секој татко се грижи за домот. Вие, струмичани, многу добро знаете кој е Марјан Даскаловски. Човек од теренот. Човек од градот. Човек од народот и човек за народот. Вие добро го знаете, теренец 4×4, незапирлив. Цел живот со и за струмичани и Струмица“, истакна Филиче.
Тој нагласи дека Даскаловски и СДСМ имамат јасна визија за Струмица и знаат како таа визија да стане реалност.
„Струмица ја гледаме како општина со развиена економија, модерно земјоделство, силен туризам и стабилен систем на социјална заштита. Визијата е да создадеме локална средина каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за образование, работа и квалитетен живот“, истакна Филипче, додавајќи дека предложениот тим за
Струмица ја презема одговорноста и она што ќе го вети ќе го исполни.
„Затоа СДСМ на овие избори нуди луѓе кои луѓе кои живеат чесно, работат чесно и сакаат чесно да ја водат својата општина. Луѓе со интегритет, кои го даваат својот збор пред граѓаните, а не пред партијата. Кои ќе служат на граѓаните, а не на СДСМ. Тоа е клучната разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко
Филипче од Струмица.