Студентка од Турција во Гостивар примала наркотици со авионска пратка

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Студентка, државјанка на Република Турција, е приведена во Гостивар откако царинските инспектори пронашле поголема количина на дрога во станот каде што престојувала. При претресот, извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети метилендиоксиметамфетамин (MDMA), 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.

Од Царинската управа информираат дека инспектори од Одделението за истраги спровеле акција откако било утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“.

– Во моментот кога осомничената ја отвори пратката и ја извади дрогата, царинските инспектори со налог на јавен обвинител извршија претрес во нејзиниот стан, при што ја пронајдоа забранетата супстанца – велат од Царинската управа.

Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде што е потврден нивниот хемиски состав.

Против осомничената е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од Царинската управа апелираат дека ќе продолжат со засилените контроли за да спречат нелегално внесување и промет на психотропни супстанци во државата.

– Царинската управа останува доследна во борбата против шверцот на наркотични дроги и ќе продолжи со зајакнати активности на граничните премини и во внатрешноста на земјата –

Share This Article