Background

Авганистан и Пакистан ја спорат линијата Дуранд долга 2.640 километри

Авганистанските власти денес објавија дека убиле 58 пакистански војници во синоќешните операции по должината на границата на двете земји. Ситуацијата ескалира на границата меѓу Авганистан и Пакистан долга 2.600 километри. Земјите со години имаат спор околу линијата Дуранд, плаински појас кој ги одвојува.

Авганистанските талибанци синоќа започнале неочекувана офанзива на граничниот појас со Пакистан, тврдејќи дека ја презеле контролата врз два армиски пункта во провинцијата Хелманд. Пакистанските власти возвратиле со артилерија и тенковски оган, нарекувајќи го нападот недозволива агресија, јави „Гардијан“.

Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот,9 октомври, беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан.

- Advertisement -
Ad image

Пакистански претставници признале дека судирите избувнале на неколку гранични локации и дека нивните сили употребиле „лесно и тешко оружје“ за да ги запрат талибанците. Според нив, било возвратено со артилерија на четири различни точки. Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Авганистан, управувано од талибанскиот режим, го обвинило Пакистан за „кршење на суверенитетот“, повикувајќи се на претходните воздушни напади во Кабул и југоисточниот дел од земјата.

 

 

 

 

Меѓутоа, атмосферата на гнев и одмазда не е нова. Според аналитичарот Мајкл Кугелман, тензиите се провлекуваат со години, а последните напади само ја потврдиле нестабилната реалност.

– Интензивните прекугранични напади, одмаздите и отсуството на признавање на границата ја создадоа „совршената бура“ – изјавил Кугелман.

Сепак, според него, и покрај крвавата реторика, талибанците не можат да се одржат во директна војна против пакистанската армија.

– Откако ќе се смират јавните страсти, веројатно ќе се повлечат – дециден е тој.

 

Портпаролот на пакистанската армија, генерал-потполковник Ахмед Шариф Чаудри, подвлекол дека ќе се преземе „сè што е неопходно“ за заштита на народот. Притоа потврдил дека се таргетирани неколку авганистански позиции и оти реакцијата била „силна и прецизна“.

Уште повеќе, Пакистан официјално побарал Талибанците да престанат да ѝ даваат засолниште на милитантната група Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), која е обвинета за бројни напади и убиство на стотици пакистански војници од 2021 година наваму.

Koj ја повлече линија Дуранд?

Линијата Дуранд, која денес ја раздвојува Авганистан од Пакистан, е историска граница исцртана од Британската империја во 1893 година, како резултат на договор меѓу британскиот дипломат сер Мортимер Дуранд и авганистанскиот емир Абдурахман Кан. Со должина од околу 2.640 километри, таа ја пресекува традиционалната територија на Паштуните, еден од најголемите етнички народи во регионот.

Пакистан ја признава линијата како меѓународна граница, но Авганистан никогаш не ја прифатил трајно. Овој несогласен став доведува до континуирани тензии, вооружени конфликти и недоверба меѓу двете земји.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation