Изминатите 4 години во општина Ѓорче Петров се вложија 350 милиони денари за изградба, реконструкција и модернизација на училишта, детски градинки, спортски објекти, фудбалски игралишта, улици и патишта, мултифункционални терени и многу други проекти.
Општина Ѓорче Петров прерасна во препознатлива скопска општина на проекти и мерки кои го подобрија секојдневието на ѓорчепетровци, и тоа мора да продолжи и во следните 4 години.
Затоа во програмата вистински избор, кандидатот за градоначалник Александар Стојкоски на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ ветува континуитет на работа, посветеност, одговорно и домаќинско менаџирање на општински средства.
Во следниот период, Стојкоски се обврзува пред граѓаните на изградба на нова населба за млади, нови пет детски градинки за дечињата во Дексион, Стопански Двор, Александрија, Хром, Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски, поставување на фотоволтаични панели на основните училишта, изградба на мега парк Македонија, ново основно училиште во населеното место Александрија, доградби на пет основни училишта, како и изградба на пензионерски дом и многу други проекти.
Ѓорчепетровци заслужуваат да живеат во модерна, урбана и зелена општина.
Затоа ги повикуваме ѓорчепетровци на 19 октомври да излезат масовно, сплотени и да дадат поддршка за бројот 9, за Александар Стојкоски и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчепетровци гласаат за проекти, за надеж, за иднина.
Ѓорчепетровци гласаат за човек со визија, план и стратегија.
Развојот на Ѓорче Петров мора и ќе продолжи.
За твојот човек. За твоето место. За твојата иднина. Направи го вистинскиот избор.
Заокружи 9.