Македонската фудбалска репрезентација успеа да ги задржи шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската фудбалска репрезентација успеа да ги задржи шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј.

Првото полувреме донесе очекувана офанзива на Белгија, но македонската одбрана се покажа како непремостлива преграда. Белгискиот тим имаше 81% посед на топката, но не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот на Димитриевски.

Во второто полувреме сликата на теренот остана иста, а голманот Димитриевски ги одбрани сите опасни удари од Доку, Де Брујне, Онана и Опенда, што го направи најзаслужен за освоениот бод. Со ова Македонија остана на чело во групата со 12 бодови, еден повеќе од Белгија, која има натпревар помалку, и два бода пред третопласираниот Велс.

Октомврискиот циклус во мундијалските квалификации ќе биде заокружен во понеделник, кога Македонија на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Казахстан, кој денеска ја забележа втората победа во групата, совладувајќи го Лихтенштајн со 4-0. Во исто време, Велс ќе ја пречека Белгија во Кардиф.

Share This Article