Израелската армија со моќна порака по почетокот на примирјето

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на израелската армија денеска изјави дека Хамас повеќе не претставува истата вооружена закана каква што беше пред две години, кога започна војната во Појасот Газа, откако денеска стапи на сила примирјето со палестинското движење.

– Хамас не е Хамас од пред две години. Хамас беше поразен секаде каде што се боревме против него – изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин на прес-конференција, додавајќи дека израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го неутрализирале военото крило на групата во повеќе региони од енклавата.

Дефрин ги повика жителите на Газа да избегнуваат движење во областите под контрола на израелската армија и да се придржуваат до условите на постигнатиот договор за прекин на огнот.

– Ги повикувам луѓето од Газа да избегнуваат влегување во областите контролирани од ИДФ. Следете го договорот и осигурајте ја вашата безбедност – порача портпаролот.

Според израелските медиуми, илјадници распелени Палестинци почнале да се враќаат во своите напуштени домови откако напладне беше официјално воспоставен прекин на огнот, кој беше постигнат со посредство на САД и регионалните сојузници. Во рамките на договорот, израелските трупи започнале делумно повлекување од појасот Газа, додека во првата фаза се очекува и ослободување на заробеници и заложници од двете страни.

Овој потег претставува најзначајна промена во текот на конфликтот од неговото избувнување пред две години, со надеж дека ќе отвори пат кон подолготраен мир во регионот.

Share This Article