Полицијата соопшти дека синоќа (четврток) уапсила двајца скопјани кои учествувале во тепачка во ресторан на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. С.С.(23) и М.З.(24) учествувале во групна тепачка против други три лица, А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45), сите од Скопје, кои исто така биле во ресторанот.
Полицијата вели дека презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.