Background

Вечерва пресуден натпревар за квалификација на СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра со репрезентацијата на Белгија за прво место во групата Ј за квалификации за Светското фудбалско првенство во 2026 година.

Дуелот се игра во градот Гент, а во овој натпревар македонската репрезентација влегува како првопласирана во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар помалку.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски синоќа одржаа тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот.

- Advertisement -
Ad image

– Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија – изјави селекторот Милевски.

Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа, но на овој натпревар во составот ќе го нема напаѓачот Ромелу Лукаку.

– Го нема Лукаку, но во составот на Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел – изјави дефанзивецот Висар Муслиу.

Белгиските медиуми во пресрет на квалификацискиот меч меѓу белгиската и македонската фудбалска репрезентација оценуваат дека пласманот на „Црвените ѓаволи“ на Мундијалот нема да биде лесен.

– Белгија ќе мора да се бори да заврши на првото ако сака да обезбеди директен билет за Светското првенство во 2026 година. Имајќи го ова предвид, октомвриските натпревари прво како домаќини на Северна Македонија, а потоа и како гости во Велс, би можеле да бидат решавачи за „ѓаволите“ – оценува белгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ.

Соговорници на белгиските медиуми оценуваат дека Белгија има подобра репрезентација и од земјава и од Велс, како „на индивидуален, така и на колективен план“, но дека тоа ќе треба да го докаже и на теренот.

На табелата македонската репрезентација е на првата позиција со 11 бодови (5 натпревари), Белгија е втора со 10 бодови (4 натпревари), Велс има 10 (5), Казахстан следи со 3 (5), додека Лихтенштајн е последен без бод.

Почетокот на натпреварот во Гент е во 20:45 часот, а ќе го суди судијата Умут Мелер од Турција. Денеска на програмата е уште еден натпревар од групата играат: Казахстан и Лихтенштајн, додека Велс е слободен.

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation