
Решаваме еден од клучните предизвици за жителите на Дебрца. Воведуваме редовен јавен превоз кој ќе ги поврзе нашите села и ќе го направи секојдневието полесно за сите, со конкретен план:

Почнувајќи од 2026 година, неделата ќе биде ден за семејството, пријателите и слободните активности, без да размислувате за трошоците за превоз.

Обезбедуваме бесплатен превоз и за нашите студенти, пензионери, спортски клубови и најранливите сограѓани, бидејќи никој не смее да биде изоставен.

