Легендарниот пејач Халид Бешлиќ ќе биде погребан на 13 октомври на гробиштата Баре Град во Сараево, каде што ќе почива покрај својот близок пријател, познатиот кантавтор Кемал Монтенo.
Халид и Кемал делеле силно пријателство во текот на целиот свој живот, а неостварената желба на Халид била да сними дует со Монтен.
Во едно од неговите претходни интервјуа, Халид зборувал конкретно за своето пријателство со Кемал и открил дека лично го избрал местото на неговото погребување:
– Кемал и јас бевме како браќа. Јас одредив каде ќе биде неговиот гроб, лично ја избрав локацијата. Бранка ми рече: „Каде и да кажеш, таму ќе биде“.
Сакавме да снимиме одлична песна, да се собереме во дует, но тоа не се случи. И не мораше многу да бараме – бевме заедно речиси секој ден – изјави Бешлиќ за медиумите пред неколку години.
По смртта на Кемал, Халид, од почит и љубов, избрал место за своето вечно почивање. Денес тој ќе почива и покрај својот пријател, пренесува Ало.