Background

Еве каде ќе дува најсилно и колку ќе се качат температурите

Во најголемиот дел од земјата утре ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, а на некои места долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе биде од северен правец.

Според прогнозата, минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени во Маврово до 10 во Гевгелија, додека дневните максимални ќе достигнат од 14 степени во Маврово и Берово до 21 степен во Гевгелија.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од 8 до 20 степени Целзиусови.

- Advertisement -
Ad image

За петок, метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност, проследено со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 3 до 10 степени во утринските часови, а дневните ќе се искачат од 16 до 22 степени.

Во сабота, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а максималните дневни ќе бидат меѓу 14 и 21 степен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation