Земјоделците понижени, а родот се истура по улиците, порача лидерот на СДСМ

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на граѓанската трибина во Кривогаштани порача дека развојот на оваа општина е резултат на социјалдемократската политика и работата на досегашниот градоначалник, Николче Мискоски.

– Кривогаштани денес е најразвиената рурална општина во Македонија. И тоа не е случајно, станува збор за дела, резултати и сериозни проекти. Повеќе од 40 реализирани проекти и неколку што се во тек се доказ дека тука не се ветувало за аплауз, туку се работело за подобар живот на граѓаните – изјави Филипче, додавајќи дека СДСМ ја води општината систематски, чесно и посветено.

Тој нагласи дека социјалдемократските вредности – солидарност, еднаквост и грижа за секој човек – се чувствуваат во секое семејство и уличка во Кривогаштани.

– Младите остануваат тука, имаат младински центар, младински совет и активно учествуваат во креирањето на локалните политики. Граѓаните имаат пристап до социјални услуги, културни содржини, спортски терени, и најважно, целосно обновена инфраструктура – истакна лидерот на СДСМ.

Филипче порача дека следува период на важни одлуки и дека континуитетот на развојот треба да продолжи со Игор Каравиловски и советничката листа на СДСМ.

– Време е Кривогаштани да продолжи да се развива и да напредува со нови проекти, за подобар живот на сите граѓани и општина со перспектива и иднина – рече тој.

На трибината, Филипче остро ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, колапсот во земјоделството и негрижата кон земјоделците.

– Земјоделците, кои се гордоста на оваа земја, денес се понижени. Ветуваа сигурен откуп, фер цена и редовни субвенции, а што добија? Разочарување. Ајварката се истура по улиците, поради ниската откупна цена и катастрофалните политики на власта – рече Филипче.

Тој предупреди дека ваквата состојба ќе доведе до рекордно најниско производство следната година.

- Advertisement -
Ad image

– Мицкоски ветуваше 45 денари по килограм, а реалноста е само 20 – и тие не ги плаќаат навреме. Жалосно е во срцето на Пелагонија, во место што е симбол на чесна работа и упорност, родот да се истура по улиците – потенцираше Филипче.

Претседателот на СДСМ истакна дека само 30% од субвенциите за минатата година се исплатени, а земјоделците што цела година работеле и вложувале, сè уште ги чекаат своите пари.

– И житото е оставено без поддршка. Го укинале и додатокот од 3 денари за килограм жито, а на сточарите им ги намалиле субвенциите од 12.000 на 8.000 денари по грло добиток – рече тој, обвинувајќи дека „оваа влада мисли само на ПР и нарачани бројки, а не на реалните проблеми на луѓето“.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме власт што живее во статистики и анкети, а не меѓу луѓето. Власт што го сврте грбот на работникот, на земјоделецот, на пензионерите и студентите – порача д-р Филипче на трибината на коалицијата „Се бориме за нашиот дом“.

Лидерот на СДСМ потсети дека социјалдемократите секогаш стоеле на страната на граѓаните, особено во најтешките кризи.

– Секогаш сме биле со граѓаните, и кога било најтешко, не баравме изговори, туку преземавме одговорност. Со план и волја стоевме зад секој еден човек што се бореше да преживее, да зачува работа и бизнис. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, создадовме систем за помош, не за понижување – изјави Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ вовела нов и праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добивале повеќе и навремено.

– Обезбедивме 3,7 милијарди денари поддршка во земјоделството само за една година, а уште 1,3 милијарди за рурален развој. Субвенцијата за зелена нафта ја зголемивме двојно – од 50 на 100 проценти, а земјоделците добиваа авансна исплата од 30% – изјави тој.

Тој додаде дека вложувањето во младите земјоделци било еден од најуспешните проекти на СДСМ.

– Во само две години поддржавме 531 млад земјоделец со над 377 милиони денари. Ја зголемивме поддршката од 10 на 20 илјади евра по земјоделец, за младите да останат овде, во Македонија, и да ја градат својата иднина – нагласи Филипче.

На крајот од трибината, лидерот на СДСМ порача дека социјалдемократите секогаш стојат зад своите политики и граѓаните.

– Ние од СДСМ не работиме по принципот „вети – заборави“. Тие земаат од народот, ние враќаме на народот. Работиме за граѓаните и за државата, а не за личен интерес – заклучи Филипче од Кривогаштани.

Share This Article