СДСМ Охрид со серијал кампањски фантазии и прес-конференции со празни флоскули и презентации на хартија.
Ве оставивме неколку дена како политички аналфабети да видиме што има да кажете и не сме изненадени од вашето тотално непознавање на Локалната самоуправа и нејзините ингеренции, па на крајот од денот, завршувајќи ги теренските посети кај охриѓани, време е да ги сумираме вашите небулози.
Докажавте толкава политичка неписменост во континуитет која сега ја продолжувате со станд-ап комедија која се шири овие неколку денови.
Продолжете така, циркузот СДС предводен со политичкиот аматер Асен Шајн, по охридската цреша, сега дојде на ред и „Амамот“, кој еве само да ви посочиме да знаете дека е во приватна сопственост.
Под велот на некакви „зелени рурални ризници“, Јане Тодороски не знаете да го прочитате тоа што ви го напишале и се обидувате да продадете стара приказна во ново пакување. Охридските села одамна знаат кој стои навистина зад нивниот развој. Тоа не е СДС, туку ВМРО-ДПМНЕ и актуелната локална власт, кои во изминатите години реално инвестиравме во подобрување на инфраструктурата, реконструкција на патиштата, водоводи, канализации, уредување на јавните површини и поддршка на локалното земјоделство.
Јован Крлев, зборувате за „проект“ за пешачката патека од мостот до Горица 1, патека која ВМРО-ДПМНЕ веќе ја уреди и реконструира. Кога бевте на власт, патеката беше запуштена и небезбедна. Денес, кога е средена, се обидувате да ја претставите како ваша нова замисла.
Асен Шајн, зборувате за „модерен Охрид“, а токму во ваше време градот беше најзапуштен, со депонии, хаос во сообраќајот и без ред.
Сега ветувате чист град, уреден кеј и културна сцена, истите празни ветувања што ги слушаме од вас секои избори.
Асен Шајн, може да зборувате за „Охрид со душа“, но токму вашата партија ја заборави душата на овој град, а охриѓани за таквата грешка лично ќе ви пресудат на изборите.
Лидија Неданоска, никако да ги погодите работите откако најпрвин ги смешавте училиштата сега ветувате реконструкции и уредувања, а охриѓани знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ веќе вложува сите овие четири години во тие населби. Кога бевте на власт тие делови од градот беа заборавени, калливи и без елементарни услови.
Ивана Маховска-Шикалеска, ветувате „современо образование“ и зборувате за „почит и афирмација”, а токму во времето на СДС и вашето мизерно директорување, училишната инфраструктура во Охрид беше запоставена, проектите стопирани, наставниците и учениците оставени без никаква поддршка, училиштата без греење, покриви што прокиснуваат и училници без основни услови.
Говорите за „мотивирани наставници“ немаат тежина кога токму СДС ја деградираше наставничката професија и го претвори образованието во политички плен.
Очигледно е дека СДС нема идеи, па се фаќа за туѓи резултати.
Охриѓани го знаат вистинскиот избор на 19 октомври, а тоа е Кирил Пецаков за градоначалник и победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.“ – стои во соопштението.