Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски денес ја посети Гевгелија, каде што заедно со локалните власти најави реализација на нови инфраструктурни проекти што, како што рече, ќе го трансформираат регионот и ќе го направат центар за туризам и бизнис.

– Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште во првиот круг и дека проектите кои ги започнавме ќе продолжиме да ги реализираме во годините што следат. Реализиравме бројни проекти, како и оние финансирани од Министерството за транспорт, каков што е Западниот булевар на кој се наоѓаме во моментов – изјави Николоски.

Вицепремиерот најави и низа нови проекти за локалната инфраструктура, меѓу кои реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица, чија реализација почнува во наредните денови.

– Завршена е постапката за избор на изведувач и наскоро почнуваат со работа, што ќе биде од големо значење за овие населени места. Во тек е и изработка на проектна програма за патот Гевгелија – Ново Коњско во должина од 5 километри, кој очекуваме да биде целосно завршен во текот на следната година – рече Николоски.

Тој додаде дека се работи и на изградба на нова брана во Коњско, проект кој треба да биде финализиран до 2027 година и ќе има клучно значење за целиот југоисточен регион.

– Патот од брана Коњско до Ново Коњско треба да биде готов до крајот на 2026 година, а браната ќе биде наполнета и функционална во 2027. Исто така, до тогаш ќе биде завршен и делот од брана Коњско до Смрдлива Вода во должина од пет километри – потенцира Николоски.

Посебен акцент стави и на најголемиот проект – брзата пруга која ќе ја поврзе Гевгелија со Скопје и Солун.

– Кога ќе се завршат сите овие инвестиции, Гевгелија ќе добие централно место во регионот. Со брзата пруга до Солун ќе се патува само 30 минути, а до Скопје околу еден час. Гевгелија ќе стане главен транспортен, бизнис и туристички центар во Македонија – рече Николоски.

Share This Article