Background

Тешка сообраќајна несреќа се случи во вчера навечер во Битола, кога 45-годишниот Ѓ.Х. од Битола и неговото куче беа удрени од автомобил, при што човекот се здоби со тешки телесни повреди, а миленикот загина на самото место

Тешка сообраќајна несреќа се случи во вчера навечер во Битола, кога 45-годишниот Ѓ.Х. од Битола и неговото куче беа удрени од автомобил, при што човекот се здоби со тешки телесни повреди, а миленикот загина на самото место.

Несреќата се случила на крстосницата од улиците Партизанска и Север Југ, околу 18:26 часот, кога патничко возило пежо со битолски регистарски таблички, управувано од Г.М. (49) од Битола, удрило во пешакот и неговото куче кои во тој момент преминувале улица.

Пешакот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди, но засега е надвор од животна опасност. За жал, кучето не можело да биде спасено и починало веднаш по ударот.

- Advertisement -
Ad image

Од Секторот за внатрешни работи Битола потврдија дека увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа, а за случајот е известено и јавниот обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај против возачот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation