На 93-годишна возраст почина Здравко Шотра, српски режисер и сценарист, автор на некои од најгледаните телевизиски и филмски класици во поранешна Југославија.
Во неговиот богат опус се вбројуваат повеќе од 120 филмски и телевизиски остварувања, меѓу кои култните „Зона Замфирова“, „Лаење на ѕвездите“, „Ивкова слава“, „Повеќе од игрa“, „Приказни од работилницата на мајсторот“, „Гревот на нејзината мајка“, „Ранетиот орел“, „Лице в лице“, како и незаборавните серии „Врућ ветар“, „Грлом у јагоде“ и „Бољи живот“.
Роден е во Столац во 1933 година, дипломирал режија во Белград во класата на професорот Вјекослав Африќ, а целата своја професионална кариера ја поминал на Телевизија Белград, каде што работел од нејзиното основање во 1958 година до 2001 година.
Зона Замфирова беше еден од најпопуларните филмови и во Македониjа откако беше снимен во 2002 година.