Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември спроведоа контроли во училишните и во кујните во градинките на територијата на цела држава.
Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта притоа се издадени 9 решенија со наредби за нивно отстранување.
Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и донесоа 5 решенија со наредба за нивно отстранување
Tagged as:
Одземени и уништени се 83 килограми храна која не се чувала според стандардите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
