Околу две недели откако беа извлечени добитните броеви, се појави среќниот и „мистериозен“ добитник на европската лотарија „Евроџекпот“, со добивка вредна 120 милиони евра. Тоа е маж на возраст меѓу 30 и 60 години, кој вчера се појави лично во канцеларијата на Лотаријата во Берлин, објави ДПА.
– Тој не брзал, бидејќи сакал веста да се пробие. Изгледаше смирен и сталожен – изјави претставник на берлинската лотарија.
Добитникот не откри никакви планови за неговото новостекнато богатство. Се очекува парите да бидат префрлени на неговата сметка следната недела по задолжителната верификација.
Инаку, пред да ја добие наградата, тој уплатил девет облози во вкупна вредност од 19 евра. Добитните броеви 7, 8, 31, 32, 33 и европските броеви 10 и 11 – беа извлечени на 23 септември во финскиот главен град Хелсинки. Потоа, службениците и одговорните за лотаријата размислувале да отпочнат и потрага по добитникот кој „не брзал“ да си ја земе наградата.
Според лото-правилата, добитникот има рок од три години пред да ја побара својата награда.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
