Поплави, прекин на настава и хаос во Романија

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Циклонот „Барбара“, кој претходно помина преку Грција и Бугарија, предизвика сериозни поплави и прекин на нормалниот живот во делови од Романија, каде е прогласен црвен аларм за опасност од обилни врнежи во пет окрузи и во главниот град Букурешт. Во следните 24 часа се очекува да наврнат над 200 литри дожд на квадратен метар, што е еквивалент на три месеци просечни врнежи.

Хаос во Констанца: прекин на превоз и поплавени улици

Најпогоден е крајбрежниот град Констанца, каде што синоќа и утрово бурата предизвика прекин на јавниот превоз, поплавени улици и згради, блокирана канализација и паднати дрвја. Наставата во училиштата беше откажана, а спасувачките екипи цела ноќ интервенираа за да ги отстранат последиците од невремето, јавува „Аѓер Прес“.
„Интервенцијата продолжува и утрово. Властите постојано ја следат состојбата на терен за навремена реакција каде што е потребно,“ соопшти Градската администрација на Констанца.

Во некои делови од градот, водата од патиштата се собира во огромни езера.
„Недостигот на соодветен систем за одводнување ја влошува состојбата — мрежата не го покрива целиот град,“ изјави градоначалникот Вергил Кичак, нагласувајќи дека ситуацијата е критична и во други населби.

Масовна мобилизација: брани, екипи и евакуации

Во целата земја се поставуваат импровизирани брани со вреќи со песок, особено во Валу луи Трајан, една од најранливите области. Во Букурешт, три населби се во ризик да се претворат во езера, па жителите добија 4.000 вреќи со песок – приоритетно најстарите и лицата со намалена подвижност. Неколку реки во регионот Добруџа се под црвен аларм, а жандармеријата е мобилизирана во два округа.

Шефот на ДСУ, Раед Арафат, апелираше граѓаните да соработуваат со властите:
„Доколку се издаде наредба за евакуација, таа мора да се почитува. При предупредувања за поплави, населението треба да се повлече на повисоки места и да биде подготвено за евакуација,“ рече Арафат.

Во Букурешт и околниот Илфов, активирани се сите служби за итни интервенции. Префектот Андреј Нистор потврди дека координативниот центар работи со полн капацитет, а градот располага со повеќе од 40 возила за испумпување вода и 50 моторни пумпи.

Иако октомври традиционално не носи екстремни врнежи, годинава циклонот „Барбара“ целосно ја смени сликата. Метеоролозите предупредуваат дека количината на дожд може да го надмине рекордот од 77 литри на квадратен метар, забележан на 2 октомври 2005 година. Овојпат се очекуваат и до 90 литри во 24 часа. На планините, времето ќе се влоши со лапавица и снег, а снежниот слој би можел да надмине 30 сантиметри.

Циклонот се шири: последици и реакции во регионот

Во Бугарија, во справување со последиците се вклучи и војската со специјализирана опрема. Властите најавија дека ќе побараат помош од Фондот за солидарност на Европската унија.

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во телефонски разговор со бугарскиот претседател Румен Радев, понуди помош за справување со последиците. Во Романија, службите за итни случаи и локалното население градат импровизирани насипи за заштита од поплави.

- Advertisement -
Ad image

Метеоролошките служби во двете земји издадоа предупредувања за продолжување на обилните врнежи. Во Бугарија, 51 населено место остана без електрична енергија, а властите вршат надзор на мостовите и критичната инфраструктура. До граѓаните е упатен апел да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Иако засега Македонија не е под директен удар на циклонот, метеоролозите предупредуваат на локални поројни дождови и силен ветер, особено во источните и планинските предели. Најмногу дожд наврна во Демир Капија – девет литри на квадратен метар.
Според последните прогнози, дождовите во Македонија се очекува да престанат вечерва, а од утре времето да се стабилизира и температурите постепено да растат.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article