ВУЧИЌ ОБВИНУВА ДЕКА ОПОЗИЦИЈАТА ЈА УРНАЛА НАСТРЕШНИЦАТА!?

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во пресрет на годишнината од трагичното паѓање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која однесе 16 животи, српскиот претседател Александар Вучиќ, се обидува да ја префрли вината за настанот врз опозицијата, пласираќи сомнежи и теории на заговор, кои се чинат прифатливи за неговите верни поддржувачи.

Настапувајќи во емисијата „Хит Твит“ на провладината телевизија Пинк, Вучиќ прикажа видео-снимки за кои тврди дека се направени неколку часа пред трагедијата, при што во нив се гледа Миша Бачулов, опозициски политичар и советник во Собранието на Нови Сад.

Според Вучиќ, Бачулов „шета“ пред железничката станица на 1 ноември 2024, неколку часа пред падот на конструкцијата. Тој ги обвини поединечни структури во државата дека ја криеле снимката и сугерираше дека трагедијата можеби била „наместена“.

На видеото прикажано во емисијата, јасно стои дека е снимено помеѓу 8:00 и 8:45 часот – а надстрешницата паднала во 11:52. Сепак, на Пинк беше прикажано со натпис: „Миша Бачулов непосредно пред падот“.

Гледачите коментираа дека Бачулов на снимката се движи сосема нормално, гледајќи во мобилниот телефон, без какво било „чудно“ однесување.

Сепак, армија од ботови блиски до власта и режимските таблоиди веднаш ги пренесоа и поткрепија овие инсинуации, прикажувајќи видео од гореспоменатиот Бачулов, и колку и да звучи бесмислено неговото поврзување со уривањето на настрешницата, анкетите на јавното мислење покажуваат дека тоа има одличен одек кај бирачкото тело на Српската напредна партија.

Дополнителен апсурд, велат критичарите, е што самиот Бачулов уште лани изјави дека утрото на трагедијата бил на железничката станица и ништо не било криено од јавноста.

– Пола час пред уривањето поминав под надстрешницата. Кога стигнав во Белград, слушнав што се случило. Оттогаш не сум се качил во воз – и нема ни да се качам – рече Бачулов.

И по последниот настап на Вучиќ, Бачулов се огласи со коментар, во кој вели дека ова е притисок врз него.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е врв на репресија. Вучиќ сега оди на сè или ништо. Јас сум само обичен советник, а тој испрати порака до јавноста дека јас сум виновен за смртта на 16 луѓе. Затоа сум загрижен за безбедноста на моето семејство – рече тој.

Истражувањата по падот на настрешницата покажаа дека причина за уривањето е преоптовареност и корозија на затегите што ја држеле конструкцијата – што со години било занемарено. За пропустите се сомничеа лица блиски до власта, вклучително и министри.

Share This Article