Годишната инфлација во септември мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 изнесува 4%, додека месечната инфлација е пониска од августовската за 0,2%

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Годишната инфлација во септември мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 изнесува 4%, додека месечната инфлација е пониска од августовската за 0,2%, објави Државниот завод за статистика.

Според Статистика, цените на мало на годишно ниво бележат зголемување од 4,1%, а на месечно ниво се намалени за 0,7%.

Намалувањето на инфлацијата во септември во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групите: транспорт за 3,3%, ресторани и хотели за 1,3%, рекреација и култура за 0,7%, облека и обувки за 0,3%, разновидни стоки и услуги за 0,2% и храна и безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Во септември во однос на август зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 2,8%, комуникации од 1,8%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата  од 0,8%, здравје 0,4% и домување, вода, електрика, гас и други горива од 0,3%.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

 

Извор: ДЗС

Трошоците на животот во септември 2025 година во однос на септември 2024 година, бележат зголемување од 4,0%, а на цените на мало бележат зголемување од 4,1%.

- Advertisement -
Ad image

Инфлацијата во август изнесуваше 4,4%.

Share This Article