Необичен гостин провали во хотелски комплекс на популарна туристичка дестинација и предизвика паника кај гостите.
Во понеделник наутро, во индонезискиот град Бандунг беше фатен леопард, кој залута во хотелскиот комплекс и ги исплаши гостите. Вработените го забележаа пред една од собите на вториот кат од хотелот, што предизвика вистинска паника кај посетителите.
Бандунг, главниот град на покраината Западна Јава и една од најпосетуваните туристички дестинации во Индонезија, е познат по својата бујна природа – но овој пат тоа беше природен посетител кој предизвика врева.
Управата на хотелот веднаш ги извести пожарникарите, кои контактираа со локалната агенција за заштита на природата. „Користевме средства за смирување и околу 10 часот наутро безбедно го отстранивме животното од хотелот“, изјави за АФП Агус Аријанто, раководител на Агенцијата за заштита на природата на Западна Јава.
Според него, експертите сè уште проверуваат дали станува збор за истиот леопард што избегал од зоолошка градина на околу пет километри од хотелот кон крајот на август. „Животното полека се буди во моментов. Ќе го однесеме во центарот за заштита на животните на набљудување“, додаде Аријанто.
Бегствата на диви животни од индонезиските зоолошки градини не се невообичаени во последниве години. На пример, во 2021 година, два бенгалски тигри избегале од зоолошка градина во Синкаванг (Западен Калимантан) откако обилните дождови ја оштетиле оградата на нивниот кафез. Еден од чуварите, кој подоцна бил пронајден во близина, не го преживеал нападот. Едниот тигар морал да биде застрелан, но другиот бил фатен жив.
Индонезиските зоолошки градини долго време се критикувани за лошите безбедносни стандарди и лошата грижа за животните, а властите бараат построги контроли и подобрени услови за да се спречат слични инциденти во иднина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
