Европската комисија даде позитивна оценка по второто барање на Бугарија за исплата на средства во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност (РРФ), но утврди дека едно барање поврзано со телото за борба против корупцијата не е исполнето, поради што реши да одобри само делумна исплата на поддршката – изјави денеска портпаролот на ЕК за кохезија и реформи Мачеј Берестецки.
– Станува збор за постапка за делумна исплата, при што во оваа фаза не ја објавуваме сумата, но испративме писмо до Бугарија во кое ги информиравме за износот што ќе биде суспендиран доколку оваа препорака не биде исполнета – рече Берестецки.
Тој додаде дека Бугарија сега има рок од еден месец да одговори на забелешките и ако по добиениот одговор ЕК оцени дека препораката сѐ уште не е исполнета, тогаш ова исплатата ќе биде суспендирана за уште шест месеци.
Неисполнетата препорака поради која е донесена одлука само за делумна исплата на средствата, се однесува на реформа поврзана со Комисијата за борба против корупцијата и за конфискација на нелегален имот.
Tagged as:
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Ѝ СКРАТИ ПАРИ НА БУГАРИЈА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
