Background

Концертот на британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс, закажан за 7 октомври во Истанбул, е откажан поради безбедносни причини

Концертот на британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс, закажан за 7 октомври во Истанбул, е откажан поради безбедносни причини.

Концертот беше закажан на истиот ден како и годишнината од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Појасот Газа.

Компанијата што го организира концертот соопшти дека е откажан „во согласност со одлуката донесена од канцеларијата на гувернерот на Истанбул“, додавајќи дека враќањето на билетите наскоро ќе се изврши преку платформата каде што се купени.

- Advertisement -
Ad image

Вилијамс на својот Инстаграм профил денеска напиша дека неговиот настап е откажан од градската администрација на Истанбул „во интерес на јавната безбедност“.

– Многу ми е жал што нема да можам да настапам во Истанбул следната недела. Општинските власти го откажаа концертот во интерес на јавната безбедност. Последното нешто што сакам да го направам е да ја загрозам безбедноста на моите обожаватели. Нивната безбедност е на прво место – наведува Вилијамс.

Неколку невладини организации во изминатите денови ги повикуваа турските власти да го откажат концертот, вклучувајќи ја и Платформата за исламска солидарност, која планираше протести под слоганот „Роби Вилијамс, ционисту, напушти ја Турција!“.

Роби Вилијамс е во брак со актерката со еврејско-американско потекло Ајда Филд. Вилијамс настапи во Израел во 2015 и 2023 година. За време на концертот во јуни 2023 година, Вилијамс рече дека тој и неговата сопруга ги одгледуваат своите деца според еврејските традиции.

Вилијамс досега не дал никакви директни изјави за терористичкиот напад врз Израел од 7 октомври 2023 година или за масовниот одговор на Израел во Газа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation