Стоиловски: Зголемување на стипендии за најдобрите ученици, изградба на дом за стари лица и многу други проекти во Македонска Каменица

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почитувани сограѓани,

Нашата визија е Македонска Каменица да стане уште поудобно и современо место за живеење.

Затоа ќе продолжиме да реализираме проекти кои носат конкретни и видливи резултати.

Нашата цел е поддршка на младите семејства, децата, младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани.

Предвидуваме ослободување од комунални давачки за првата куќа на брачни парови до 40 години.

Секое новородено дете ќе добива еднократен и месечен детски додаток во период од 9 месеци, а семејствата со три и повеќе деца ќе добиваат финансиски надоместок во траење од три години.

Ќе се зголеми износот и бројот на стипендии за  најдобрите ученици во основното и средното образование, како и за учениците кои освоиле државни награди.

Предвидено е зголемување на средствата и за децата и учениците од семејствата во социјален ризик.

Исто така, најдобрите ученици ќе имаат можност за еднодневни и викенд патувања, како и еднонеделни летувања.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, воведуваме новина за учениците кои активно учествуваат во општинските проекти. Тие како признание за вложениот труд и активности ќе добиваат соодветна финансиска поддршка од Општина Македонска Каменица.

Ранливите категории на граѓани преку новата програма ќе добијат социјална поддршка и субвенции за инвертер клими, топлински пумпи и велосипеди.

Преку проектот „Грижа во својот дом“, пензионерите ќе добиваат помош и постојана поддршка од обучени лица во областа.

- Advertisement -
Ad image

Ќе биде зголемена и поддршката за невладините здруженија кои работат и се грижат за социјална заштита на населението.

Ќе обезбедиме материјали и средства за подобрен престој во детската градинка и дневниот центар во Македонска Каменица, како и документација за изградба на дом за стари лица.

Сите овие мерки и проекти ќе бидат реализирани во соработка со сегашниот и иден градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски со одговорно работење на Советот на Општината и правилно користење на средствата од општинскиот буџет.

За сигурна и подобра иднина на Македонска Каменица ве повикувам да ја дадете вашата поддршка за градоначалникот Димчо Атанасовски и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата „Твоја Македонија“.

Гласот за број 9 значи глас за продолжување на развојот на Македонска Каменица.

Share This Article