Продолжени израелски напади врз Појасот Газа и покрај барањето на Трамп да престане со бомбардирањето

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цивилната одбрана на Појасот Газа денес објави дека израелските сили извршиле неколку десетици напади врз градот Газа во текот на ноќта, и покрај барањето на американскиот претседател Доналд Трамп до Израел веднаш да престане со бомбардирањето на палестинските територии.

„Ноќта беше полна со насилство, израелската армија изврши неколку десетици напади и испука артилериски оган врз градот Газа и други области на Појасот Газа, и покрај повикот на Трамп да се запрат бомбардирањата“, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал за Франс Прес.

Басал, чија агенција е спасувачка сила што работи под администрација на исламистичкото движење Хамас, додаде дека 20 куќи биле уништени во ноќните бомбардирања.

„Ситуацијата е многу сериозна во градот Газа“, рече Басал, нагласувајќи дека неговите тимови не можеле да стигнат до сите жртви поради „присуството на тенкови и континуираното бомбардирање“.

Болницата Ал Мамадани во градот Газа утрово објави дека ги примила телата на четири лица убиени во нападот врз куќа во населбата Ал Туфа, како и неколку ранети.

Болницата „Насер“ во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, објави дека ги примила телата на две деца и осум ранети по нападот со беспилотно летало врз шатор во камп за раселени лица во Газа.

Исламистичкото движење Хамас во петокот објави дека е подготвено за итни преговори за ослободување на израелските заложници држени во Газа и за крај на војната, како дел од планот предложен од Трамп.

Израел, од своја страна, утрово објави дека се подготвува да ја спроведе првата фаза од планот на Трамп за ослободување на сите заложници, без да спомене прекин на бомбардирањето.

Share This Article