Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утрото ќе биде студено секаде, а најстудено ќе биде во Маврово, каде температурата ќе се спушти до минус 6 степени. Мраз се очекува и во Тетово и во Битола. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 наутро, до максимална до 1 степени.
Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд.
До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
