Покренати обвиненија за двајца насилници

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Покрената е постапка против двајца насилници кои физички ги нападнале поранешните партнерки и им нанеле тешки повреди.

Основното јавно обвинителство Скопје ги товари двете лица за кривичното дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик.

Едниот осомничен, на 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и ѝ биле нанесени повеќе телесни повреди.

Против друг осомничен, поведена е постапка за истото кривично дело, бидејќи вршел семејно насилство на 1 октомври во селото Мирковци, каде телесно ја повредил неговата поранешна брачна партнерка. Откако дошол во домот и ја известил поранешната сопруга дека решил да остане таму, таа го замолила да си замине. Но, тој одбил, по што почнал физички да ја напаѓа, влечејќи и тегнејќи ја за рацете, удирајќи ѝ тупаници, од кои таа се здобила со повреди.

Во двата случаи, јавниот обвинител предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомничените, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Share This Article