Струмичанката Тина Русева имаше маестрален настап во дебито на големото музичко натпреварување „The Voice of Germany“.
Таа имаше одлична интерпретација на песната „Do It Like A Dude“ од британската пејачка Џеси Џеј и, како што велат во коментарите сите Македонци кои го следеле настапот, едноставно растурила на сцена.
Доминација на сцена, глас, самоувереност… си ги зеде своите 5 минути и блесна со сиот свој сјај.
Тина ја освои публиката и жирито кое имаше супер позитивна реакција на комплетниот настап на, како што велат, новата музичка ѕвезда.
Погледнете го нејзиниот настап.
Подолу во видеото видете уште дел од разговорот на Тина со жирито после настапот.