Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија во Битола.
Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија МААК. Веднаш зад Велјанова според возраста е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК. Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи.
На годинешните локални избори во Битола од ДИК потврдени се 16 кандидатски листи за членови на Советот на Општина Битола и од вкупно 496 евидентирани кандидати на рзлична возраст, само четири кандидати навршиле 18 години.
Во документацијата на ДИК и ОИК-Битола потврдени се кандидатурите на Александар Јовановски, кандидат на граѓанската иницијатива ГРИН, Енес Баталовски и Лејла Усеини кандидати на коалицијата ВЛЕН и Марко Адам Котевски од група избирачи. Четворицата годинава како полнолетни за прв пат се кандидати за членови на Советот на Општина Битола.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
