Голем пожар избувна синоќа во рафинеријата Шеврон во Ел Сегундо, во близина на Лос Анџелес, објавија локалните медиуми. Причината за инцидентот сè уште не е позната, објави Лос Анџелес Тајмс.
„CBS“ објави дека пожарникарите и полицијата брзо се упатиле кон местото на настанот по пријавите за експлозија, пренесува Ројтерс.
Полицијата во Ел Сегундо соопшти дека нема пријави за повредени или евакуации.
На социјалните мрежи се појавија видеа, а според очевидци, тие го прикажуваат пожарот во рафинеријата за нафта во близина на Лос Анџелес.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие пријави, објавува Танјуг.