Цената на златото достигна нов рекорд, надминувајќи 3.900 долари за унца, бидејќи затворањето на федералната влада на САД ја зголеми неговата побарувачката. Според податоците од Њујоршката берза, цената на унца злато се искачи на 3.920,90 долари.
Моменталната цена унца од овој благороден метал е 3.860, 61 доларо.
Федералната влада на Соединетите Американски Држави официјално се затвори откако Конгресот не успеа да донесе закон за привремено финансирање до крајниот рок. Изгледите за деблокада се мали со оглед дека републиканците и демократите во конгресот не можат да се договорат околу здравствената политика и кратењето на трошоците. Тоа може дополнително да ја зголеми цената на златото.
Претходно прогноза на Голдман Сакс, предвидува дека под нормални околности, цената на златото би можела да се искачи на 4.000 долари за унца до средината на 2026 година, додека во случај на исклучително негативен шок, би можела да достигне дури и 5.000 долари.