Украинскиот претседател Володимир Зеленски со остар тон ја прозва Унгарија да престане да купува руска нафта.
Во присуство на повеќе од 50 лидери на на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, меѓу кои и домаќинката Мете Фредериксен, тој подвлече дека повикот на Доналд Трамп кон Унгарија треба да се сфати сериозно, посебно во Будимпешта, јави Ројтерс.
– Треба да го поддржиме повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се престане со купување руска нафта… Момците од Унгарија мора јасно да го чујат тоа – изјави Зеленски.
Меѓутоа, ова не бил единствениот удар упатен кон Кремљ. Украинскиот лидер инсистира на уште построги санкции насочени кон приходите од руска енергија.
– Тоа мора да престане – нагласи тој, додавајќи дека американската енергија може да биде соодветна замена.
Данската премиерка Мете Фредериксен, копретседателка на самитот заедно со шефот на Европскиот совет Антонио Коста, беше уште поексплицитна во својата анализа на конфликтот.
– Мирот со Русија може да се постигне само преку сила. Мораме да ја зајакнеме Украина и да ја ослабнеме Русија со дополнителни санкции – изјави Фредериксен.
Во нејзиниот говор, таа остро ги осуди тактиките на Кремљ и објасни дека војната претставува „јасен неуспех на Путин“.
– Сакал да го освои Киев, да ја собори украинската влада и да ја подели Европа. Не успеал во ништо од тоа – децидна е премиерката.
Фредериксен предупреди дека Москва не се откажала од притисок врз Европа, туку дека сега користи и хибридни алатки.
– Соочени сме со непријател кој користи секакви алатки. Еден ден тоа се беспилотни летала, следниот ден ги туркаат мигрантите кон границите, ја таргетираат критичната инфраструктура, се бориме со дезинформации и обиди за влијание врз избори – истакнала таа.
Од друга страна, шефот на Европскиот совет Антонио Коста подвлекол дека поддршката за Украина не значи „поддршка за војна, туку за траен и праведен мир“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
